вторник , 27 јуни 2017
Гешковска во средина
Гешковска во средина

Одложен изборот на Гордана Гешковска, ќе оди ли како заменик на Зврлевски?

Советот на јавни обвинители ја одложи седницата за распишување на оглас за избор на нов прв човек на скопското обвинителство со кое сега раководи обвинителката Гордана Гешковска.

Нејзиниот 4-годишен мандат истекува идната недела.

Во надлежност на Гешковска се предметите поврзани со насилствата во собранието од 27. Април. Гешкоска, за која велат нема нема да конкурира за повторен мандат, има џокер во рака и сака да се врати на старата позиција, заменик Марко Зврлевски, на која позиција беше само еден ден.

Таа, незаконски, примаше плата, повисока, како да работи во републичкото обвинителство.

Потсетување на начинот на кој се бираше Гешковска, кој се откри во „бомбите“ на Заев.

Еве што во во телефонски разговор кажуваат поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Еве дел од бомбата:
Мијалков: Види, утре треба да се бираат, ќе ја бираме Гордана Гешковска, знаеш тоа?Јанкулоска: Аха, да, да, нели тоа шо договоривме.
Мијалков: И треба да се бира еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
Јанкулоска: Аха. Така.
Мијалков: Дали имаш ти некоја ургенција?
Јанкулоска: Абе види, нели тогаш ги гледавме ние заедно ако ти текнува, кога бевме кај Марко. Ние ургенции имаме, ама работава е што таму по закон само со академија може да се бираат. И тоа беше проблемот. Знаеш, нема веќе од надвор.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …