сабота , 23 септември 2017
katicajanevazahugo

Одложен изборот на обвинителите кои ги предложи Јанева

katicajanevazahugo
Советот за јавни обвинители го одложи изборот на јавни обвинители кои ќе соработуваат со Катица Јанева во истрагите поврзани со бомбите на опозицијата и одговорноста за масовното прислушување. Следната недела ќе се знае официјално тимот на специјалната јавна обвинителка, дали ќе отпаднат некои од предложените кандидати или ќе бидат сите изгласани.

Советот ја одложил расправата по оваа точка затоа што се чека прво да се донесе персонален и финансиски план за работа на специјалното јавно обвинителство. Финансискиот и персонален план ќе биде поднесен до Владата, Советот и Собранието деновиве, по што наредната недела ќе се одлучи за листата од кандидати.

Членови од Советот велат дека нема ништо спорно во одложувањето и дека се прави со цел да не се избрза со одлуките. Додаваат дека биографиите на дел од предложените кандидати се нецелосни, но дополнително ќе се расправа за тоа. Постои можност да не бидат избрани сите 14 кандидати. Не е задолжително Јанева да ги добие сите четиранаесет имиња и можно е некој да отпадне.

Јавоста очекува во своето разгледување Советот да го преиспита изборот на јавната обвинителка за организиран криминал и коруција Лиле Стефанова, која се јавува како помошник-обвинител во предметот „Пуч“.

Извор: А1он / Маја Васева

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …