вторник , 24 октомври 2017
janeva

Одложено рочиштето за „шлаканиците“ во Центар, на следното да дојдат сите

Денешното рочиште за случајот со Општина Цетар и нарачаните „шлаканици“ за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски е одложено за 3 мај, затоа што Советот најавни обвинители побара обвинителката Фатиме Фетаи да биде сменета, а одлука за тоа сè уште не е донесена.

Денеска на рочиштето присуствуваа само адвокатите Петар Василев, Боро Тасевски и Никола Додевски, како и обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева и Фатиме Фетаи.

Поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова како и уште 11 обвинети не беа присутни во судската сала.

Сè уште не е одлучено по жалбата на СЈО за издвојување на доказите во форма на прислушувани разговори и судијата Татјана Михајлова истакна дека предметот ќе биде пратен во Апелација.

Таа наложи на следното рочиште на 3 мај да бидат повикани сите обвинети, но и градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, Саша Богдановиќ, како и други сведоци.

Одбраната на Груевски, адвокатот Додевски, во изјава надвор од судница рече дека никој од обвинетите не бил присутен затоа што не биле исполнети условите за одржување на рочиштето, односно дека не било постапено по одлуката на Советот на јавни обвинители за смена на Фатиме Фетаи од случајот.

Специјалната обвинителка Катица Јанева во изјава за медиумите рече дека го добиле дописот од Советот на јавни обвинители, но не одговори дали ќе ја тргне Фетаи од предметот против Груевски. Михајлова на крајот на денешното рочиште најави дека ќе започне со главна расправа на закажаниот термин во мај.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …