четврток , 19 октомври 2017
sudstvo-31

Одложено рочиштето за случај „Сопот“

Првото рочиште за случајот „Сопот“ откако СЈО го презеде случајот  е одложено поради службено патување на судијата. Обвинителката Фатиме Фетаи која го застапува обвинението од  СЈО побара судот итно да закаже ново рочиште.

Во предметот  Сопот 10 жители на кумановското село  се осудени дека во 2003 година поставиле мина која експлодирала, при што загинаа двајца НАТО војници од полскиот контингент и еден македонски ЦИВИЛ.

„Рано е да се зборува за било каква понатамошна одлука за 9 октомври е одложено судењето. Ќе бидете присутни  и ќе следите што се случува“, рече рече Фатиме Фетаи – обвинителка СЈО.

„Правилно и правично застапување во овој предмет кое што одамна го бараме, кое за жал, знаете како се одвиваше оваа постапка со толку години затвор спрема невини луѓе, така да сега сметаме дек СЈО по анализа на сите докази ќе увиди дека не се работи за некое сторено кривично дело сторено од страна на овие обвинети поради што ние сметаме дека обвинението треба да се повлече. Во краен случај судот да донесе ослободителна пресуда“, рече Вулнет Пачуку – адвокат на обвинетите.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.