недела , 22 октомври 2017
viking

Одржан првиот „Вики-камп“ во Македонија

За време на продолжениот викенд по повод Денот на независноста на Македонија од 8 до 10 септември во преспанското село Брајчино се одржа првиот „Вики-Камп“ во организација на  Споделено Знаење – Викимедија Македонија, огранокот на светската Викимедија фондација во Македонија.

На кампот учествуваа 15 млади луѓе од повеќе градови во Македонија, кои преку меѓусебно запознавање и дружење имаа можност да се запознаат и да бидат обучени за уредување на статии на Википедија на македонски јазик, прикачување и лиценцирано подигнување на слики на  Заедничката ризница (Commons Wikimedia), како и начинот на спроведување на експедициските теренски истражувања од областа на географијата, природата, земјоделството, културното наследство, архитектурата и археологијата при што биле остварени посети на преспанските села Брајчино и Љубојно и нивната околина каде биле направени 160 фотографии, кои се достапни за слободна употреба.

Имајќи ја предвид успешноста на овој одржан камп и полезноста од употребата на Википедија во секојдневото живеење, „Споделено Знаење- Викимедија Македонија“ за идната година планира одржување на 2 Вики-кампови во текот на пролетта и есента во различни делови на Македонија и работилници и предавања во повеќе градови на државата.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …