среда , 28 јуни 2017
mrza

Официјално: Мрзеливоста е одраз на висок коефициент на интелигенција

Кратко и јасно: паметните луѓе се многу помрзеливи, отколку оние поактивните и повредните.

Истражувањето спроведено во САД ја поддржува теоријата дека на луѓето со повисок коефициент на интелигенција физичката работа им се здосадува прилично брзо, па времето сакаат да го поминат во повеќе размислување.

Активните луѓе пак имаат потреба од повеќе физичка активност бидејќи им е потребно да го стимулираат мозокот со повеќе надворешни активности, бидејќи сакаат да ги избегнат своите мисли.

Исттражувачите од „Florida Gulf Coast University“ употребиле класичен тест на група студенти кој датира уште пред три децении .

Студентите биле замолени да одговорат на прашалникот, односно колку силно се согласуваат со изјавите од типот „Навистина уживам во задача која вклучува изнаоѓање нови решенија за проблемите“ и „Размислувам онолку колку што морам“.

Истражувачите одбрале 30 размислувачи и 30 неразмислувачи од кандидатите.

Во следните 7 дена двете групи носеле уред на нивните рачни зглобови што ги следел нивните движења и нивото на движење, снабдувајќи ги истражувачите со податоци кои ја покажуваат нивната физичка активност.

Резултатите јасно покажале дека групата размислувачи биле многу помалку физички активни од неразмислувачите.

Но, интересно е што за време на викендите резултатите на двете групи биле идентични, нешто што е навистина тешко да се објасни.

Сепак, да се биде паметен и мрзелив не е никакво оправдување и нормално е дека има голема негативна страна – седечки, односно лежечки начин на живот.

„Без разлика колку и да сте паметни, не препуштајте се на ваквиот начин на живот. Секогаш треба да се трудите да бидете што е можно повеќе физички активни со цел да го подобрите вашето здравје“, завршуваат истражувачите.

Слични написи

трик 11

Трикови со кои цвеќињата ќе ви цветаат почесто

Многу често цвеќињата страдаат од нередовно наводнување или недоволна нега и дохрана. Но, ако сè …