среда , 28 јуни 2017
javnoObvinitelstvo (1)

ОЈО бара притвор за напаѓачот на Тодоров

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против лицето кое вчера пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Осомничениот се гони за сторени две кривични дела и тоа за обид за убиство и со „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и Предлог за определување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи за нејзиното изрекување.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …