вторник , 24 октомври 2017
фото собрание

ОЈО: Побарана е мерка притвор за 14 осомничени, досега приведени се 7 лица

Основното јавно обвинителство – Скопје вечерва соопшти дека по прибирање на доказниот материјал за петнаесеттемина инволвирани во нередите кај Собранието  првично започна постапка поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 од Кривичниот законик.

„Во моментов, седум од лицата се лишени од слобода. Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за четиринаесет од осомничените предложи до судија на претходна постапка да им биде определена мерка притвор. За едно лице е предложено определување на мерки на претпазливост“.

Истрагата на обвинителството продолжува во насока на целосно расветлување на кривично – правниот настан, соопштија од Обвинителството.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …