вторник , 25 јули 2017
olimpiec

Олимпиецот Дарко Дамјановски без никаква поддршка од Агенцијата за млади и спорт

Најуспешниот македонски нордиски скијач и олимпиец, гостиварчанецот Дарко Дамјановски изреволтиран од Скијачката федерација и Агенцијата за млади поради тоа што не добил никаква поддршка како спортист со постигнати високи резултати.

-И по остварената А олимписка норма која обезбедува директен настап на Олимписките игри, денес, кога веќе подготовките се веќе започнати од мај, од страна на скијачката федерација добив програма за подготовки толку мизерна што ме фрлија во исти кош со спортиски кои требало да направат норми, напиша Дамјановски на својот фејсбук профил.

Дамјановски од Агенцијата за млади и спорт добил известување дека не му следуваат финансии за подготовка. Исто така, на Дамјановски како кандидат со А олимписка норма, од македонскиот олимписки комитет го следува и стипендија, но како што вели тој од таму се уште нема ни трага ни глас.

Слични написи

keita

Ливерпул понудил, Лајпциг одбил 75 милиони евра за Кеита

Сопственикот на РБ Лајпциг, Дитрих Матешиц, рекол дека клубот одбил 75 милиони евра кои Ливерпул …