понеделник , 25 септември 2017
Spasovski

Оливер Спасовски: Договорот од Пржино повеќе не е активен

Spasovski
За сега ги прекинуваме преговорите, а откако партиски ќе се консултираме ќе одлучиме што понатаму, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, по одлуката на Советот за јавни обвинители да изгласа само седум од предложените 14 кандидати на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Како што рече Спасовски, со оваа одлука е прекршен договорот од Пржино како и законот за специјално јавно обвинителство.

-Договорот повеќе не е активен – посочи тој.

По него изјава за медиумите даде и олеснувачот на преговорите Питер Ванхауте, кој рече дека преговорите биле веќе финализирани, дека пред крај било постигнувањето на договорот, но дека одлуката на Советот ги искомплицирала работите.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …