сабота , 23 септември 2017
Milco-Mancevski

ОМД го награди режисерот Манчевски

Milco-Mancevski
Милчо Манчевски е добитник на наградата за македонско културно наследство на организацијата Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), а ќе му биде врачена на гала вечерта на 14 ноември.

На Универзитетот на Чикаго пак, последниот филм на Манчевски „Мајки“ ќе биде дел од научната конференција за македонски студии, а авторот ќе учествува во дебатата.

На научната конференција од 12-14 ноември, која веќе 25 години се одржува секои 3 години, учествуваат реномирани лингвисти, слависти, историчари, антрополози и литературни истражувачи од полето на македонските студии. Изминатава недела во Торонто, Канада пак, се одржа ретроспектива на филмовите на Манчевски.

На 10-то издание на Македонскиот филмски фестивал беа прикажани „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“, а Манчевски одржа и мастер-клас на Универзитетот Јорк во Торонто. Истовремено, со проекцијата на „Мајки“, во Бразил заврши ретроспективата на Манчевски која почна на крајот на август.

Имено, неговите филмови “Пред дождот”, “Прашина”, “Сенки” и “Мајки” беа прикажани како дел од едукативната и културна програма Human Rights Cinedebate на еден од најголемите бразилски универзитети, Федералниот Универзитет на Рио Гранде до Сул.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …