вторник , 26 септември 2017
FRANCE-FINANCE-ECONOMY-FOREX-EURO-DOLLAR

ОН и СБ: Нови механизми за финансирање на кризните подрачја

FRANCE-FINANCE-ECONOMY-FOREX-EURO-DOLLAR
Обединетите нации и Светска банка најавија дека ќе го зголемат финансирањето на Блискиот Исток и на Северна Африка за да им помогнат на земјите кои се борат со бегалската криза и се обидуваат да обноват по судирот.

ОН и СБ не наведоа конкретна сума, но најавија дека ќе ги зајакнат финансиските извори во борбата со „огромните хуманитарни и економски загуби“ предизвикани од судирите во Сирија, во Ирак, во Јемен и во другите држави.

– Светот денес е сведок на најголемото присилно раселување од Втората светска војна. За да одговориме на големината и природата на конфликтите, потребни ни се нови пристапи. Важно е дека Светска банка, близок партнер на Обединети нации, како и другите меѓународни финансиски институции, заеднички активно инвестираат во државите зафатени од судири, истакна генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Новата помош ќе има две форми, во соработка со Исламската развојна банка.

Според првиот механизам, земјите донатори ќе издаваат посебни обврзници, вклучително и „исламска обврзници“ познати како „сукук“, усогласени со забраната за камата пропишана во куранот.

Според втроиот механизам, грантовите на земјите донатори ќе бидат искористени за проширување на нискокаматните заеми за државите кои прифатиле повеќе од 15 милиони бегалци од регионите на судири во последните четири години.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …