недела , 24 септември 2017

ОПОМЕНА ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ!

Изминатите девет години сведоци сме на многу феномени во политичкиот живот во Македонија. Бидејќи осудувањето, прекршувањето закони, скандали, затврањето, местењето на луѓе и креирањето на туѓи човечки судбини беше ваше мото во 100 Чекори, дозволете народот кој ве донесе да ви ги одброи вашите последни три чекори.

За тоа процедурата е многу едноставна:

Прво заминете еднаш засекогаш, Македонија не е ваша приватна сопственост односно катастерска парцела со тој и тој број. Ова држава е на сите граѓани на Република Македониа и тоа според Устав. Доволно ви беше, ја опустошивте не донесовте на никакво дерџе, иселивте 600.000 луѓе па уште се тешиме и помагаме на мигрантите од Сирија и Авганистан, со кој памет во глава сме алоооо …
Што луѓе ќе бевме што сеуште не прогледавме каков ли лек ќе ни беше потребен за да ставиме крај на овие скандалозни деструктивни луѓе кои ни ја одведоа државата во амбис. Протестираме за подобро здравство зошто….затооа што не било бесплатно, затоа што луѓе постојано ни умираат од немарноста на лекарите и затоа што домашните миленичиња ни се шетаат по болница како во зоолошка градина.

Како второ упадот во правосудниот систем Детектирани монтирани случаи. Каубоици ни шетаат по улици и аеродроми со пиштоли и не знаат дека тоа се пиштоли …. Судскиот совет искомпромитиран деформација во судството на наши судии и обвинители структурно насилство (сиромаштија) најголемо зло. Законот одеше вака ако не грешам ……
Независноста на судството е критериум кон кој се стреми секоја држава која претендира да биде сфатена како правна”.
Ветивте остваривте!

Трето, почитувани , дека Македонија не е демократска држава одамна се знае. Овие очајни обиди на власта се само доказ дека се повеќе тонат во самокреираните приказни … Безидејноста ја земаат како единствена алтернатива која им остана, но и во тоа ја губи смислата . Пред неправдата не треба да молчиме, овој свет кој што ни го изгради оваа власт е неправеден и затоа мора да постои алтернатива, МОРА ДА СИ ЗАМИНАТ !

М.М.

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …