вторник , 24 октомври 2017
Opozicija pratenici

Опозицијата утре влегува во Собранието на Република Македонија

Opozicija pratenici
Опозициската коалиција од утре влегува во Законодавниот дом.се враќаат во Собранието на Република Македонија.

Ова е дел од договорот од Пржино потпишан од четирите најголеми политички партии на 2 јуни и 15 јули за надминување на политичката криза.

Во меѓувреме, течат разговорите на работните групи, а на 15. Септември треба да се избере специјален јавен обвинител кој ќе работи на случаите со прислушувањето.

По 15-месечниот бојкот, по ланските избори во април, СДСМ и коалициските партнери одлучија да ја бојкотираат работата на Собранието, бидејќи, како што соопштија, предвремени парламентарни избори биле фалсификувани и со премногу нерегуларности.

Опозицијата освои 34 пратенички места, но три нивни пратенички, Солза Грчева, Љубица Буралиева од СДСМ и Роза Топузовска Каревска од ЛДП, не ја почитуваа партиската одлука за бојкот и останаа во Собрание. Во меѓувреме тие беа исклучени од нивните партии.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …