вторник , 24 октомври 2017
Slika (1)

Општина Центар дел од акцијата за дарување на крв и храна организирана од САД и Црвениот Крст

Петнаесетта година по ред Амбасадата на Соединетите Американски Држави го одбележува Националниот ден на служба и сеќавање. И годинава амбасадата на САД и Црвениот Крст на Град Скопје, преку добротворни акции организира настан како почит кон жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справување со последиците од терористичкиот напад во Њујорк на 11.9.2001 година.

На настанот за хуманоста говореше амбасадорот на САД во Македонија, Н.Е. Џес Бејли и секретарот на Црвениот Крст.

На настанот, чија цел е да се зближат луѓето од сите заедници без разлика на политички и религиозни убедувања, присуствуваа и личности од политичкиот и јавен живот на Република Македонија, амбасадори и сите оние кои имаа една заедничка цел да се помогне, да се дополнат резервите на Црвен Крст и да се обезбеди храна за загрозените семејства.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …