петок , 22 септември 2017
Viktor-Orban-685x320

Орбан се заканува дека ќе ја тужи ЕУ поради задолжителните миграциски квоти

Унгарија ќе ја тужи Европската комисија и ќе се спротивстави на задолжителните квоти за расределување на мигрантите, ако Брисел не ги отстрани од дневен ред, изјави премиерот Виктор Орбан.

Орбан нагласи дека Владата ќе го искористи неодамна спроведениот референдум, на кој со огромно мнозинство Унгарците ги отфрлија миграциските квоти, спротивставувајќи се на Брисел. Излезноста на референдумот беше многу ниска, за тој да има обврзувачки карактер.

Орбан истакна дека во мометов се случува ќор-сокак по миграциското прашање.

Словачкиот премиер Робер Фицо, чија земја е ротационен претседател на ЕУ, ќе предложи решение до следната средба на врвот на Сојузот во декември.

– Ако ЕК не се откаже од квотите ќе се спротивставам, нема да ја исполнам одлуката на ЕУ, ќе ја тужам комисијата, потенцира Орбан.

– Ќе има сериозна правна дебата дали странско население може да биде наложено на народот на земја членка на ЕУ против негова волја. Тоа ќе биде голема битка и за таа цел не е потребен Уставот, заклучи Орбан.

Според премиерот одлуката дали да се примат мигранти е прашање на национален суверенитет.

Тој сака следниот месец да се промени унгарскиот Устав со цел да се забрани прием на мигранти.

Минатата година Орбан реагираше на миграцискиот бран со затворање на јужните граници на Унгарија со ограда од бодликава жица и контрола од илјадници војници и полицајци.

Тој вели дека Унгарија со нејзините христијански корени не сака да прими голем број на муслимани и дека тие претставуваат закана за безбедноста.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …