петок , 22 септември 2017
Viktor-Orban-685x320

Орбан утре ќе соопшти дали ќе ја затвори и границата со Хрватска

Viktor-Orban-685x320
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, најави дека утре ќе ја соопшти конечната одлука за затворање на границата со Хрватска поради бегалската криза, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ.

Пред тоа, тој за планот уште еднаш ќе разговара со европските и со регионалните партнери на вечерашниот самит на шефовите на влади на 28-те земји-членки на Европската унија (ЕУ) во Брисел, на кој тема повторно ќе биде бегалската криза и зајакнувањето на надворешните граници на ЕУ.

Унгарија одлуката за затворање на границата со Хрватска ќе ја донесе најдоцна до утре изутрина, а како што изјавил Орбан, за тоа ќе биде потребен еден час.

Инаку, оградата кон границата со Хрватска е завршена и поставена. Претходно Унгарија ограда од бодликава жица постави на границата со Србија и покрај жестоките критики од меѓународната заедница./МЕТА

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …