петок , 22 септември 2017
нсдп жени

Организации на жените од политичките партии го осудија насилство и линчот врз пратениците од новото парламентарн мнозинство

По иницијатива на Организацијата на жените на НСДП вчера се одржа средба со претставнички на женските организации на политичките партии Обединети за Македонија, ВМРО-НП, Движење за реформи на ДПА, Либерална партија и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

На средбата стана збор за организираното насилство и линчот врз пратениците од новото парламентарн мнозинство, што се случи на 27 април, кое беше осудено како криминален чин за кој нема место во ниту една демократска земја. Присутните бараат надлежните институции веднаш да пристап кон целосно расветлување на насилството, идентификување не само на непосредните учесници туку и на организаторите и поттикнувачите, како и нивно правно санкционирање.

нсдп жени 1

Помеѓу другото, беше заклучено дека насилството врз пратениците, новинарите и сите медиумски работници, вклучително и врз жените, не може и не смее да биде толерирано, ниту поттикнувано од било кои политички фактори. Поради тоа, присутните претставнички на женските организации на дел од политичките партии во Македонија покренуваат Иницијатива за целосно институционално и законско имплементирање на  Инстанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство.

Оваа Иницијатива, иако на состанокот не беа присутни со свои претставници, доби поддршка и од женските органзиации на СДСМ, Демократски сојуз, Алијанса за позитивна Македонија, двиежњето БЕСА, ДУИ и ДОМ.

Со своја поддршка на Иницијатива се приклучија и невладините организаци Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Сојузот на организации на жени на Македонија+СОЖМ,

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …