вторник , 26 септември 2017
10-1164-

Оружен грабеж во филијала на Стопанска банка, повреден ограбувачот

10-1164-
Вооружено маскирано лице попладнево извршило разбојништво во филијала на Стопанска банка во Ѓорче Петров и украло одредена сума пари. Грабежот во полиција бил пријавен од вработена во банката во 14 часот и 10 минути, по што веднаш интервенирала полициските „алфи“.

Како што информира портпаролот на МВР Иво Котевски, лицето било забележано како влегува во патничко возило цитроен со скопски регистарски таблици и заминува во правец кон Карпош.

Алармирани се сите полициски службеници вклучувајќи ги „алфите“ кои се обиделе да го запрат возилото кај мостот Влајко, но крадецот почнал да пука кон нив, по што тие возвратиле. По престрелката возилото е запрено, а ограбувачот со екипа на итна медицинска помош е префрлен во Градската болница за да му биде укажана медицинска помош.

– Дополнително чекаме лекарите да се произнесат за карактерот на повредите.Во моментот се врши увид и на местото каде што се случила престрелката и е повредено лицето и на местото каде што е извршено разбојништвото филијалата на Стопанска банка. Од увидот досега е обезбедено и оружјето со кое што лицето го извршило разбојништвото, а се вештачи и автомобилот и се утврдува целиот склоп на околности околу двата кривично правни настани кои се случија во многу кус временски рок, изјави Котевски.

Стопанска банка попладнево преку соопштение информира дека нема повредени меѓу вработените во филијалата. Согласно правилата случајот веднаш бил пријавен во полиција и до надлежните во банката. Во тек е истрага за настанот. Филијата ќе продолжи со работа утре.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …