понеделник , 21 август 2017
dzef

Основачот на Амазон уверен: Милијарди луѓе ќе ја колонизираат вселената

Основачот на Амазон, Џеф Безос кој што исто така ја поседува приватната вселенска компанија “Blue Origin”, ги претстави своите планови за населување на луѓето на Месецот, а можеби и, како што изјави, и во целиот Сончев систем.

Безос на свеченоста по повод годишнината од мисијата Аполо 11 во Вселенскиот центар „Џон Кенеди“ изјави дека е време Америка да се врати на Месечината.

„Треба да изградиме постојани населби на Месечината каде што ќе можеме да чуваме вода и соларна енергија. Сега знаеме многу повеќе за Месечината отколку што знаевме во 60-тите и 70-тите години. Со помош на повеќекратни ракети, милијарди луѓе ќе можат да ја колонизираат вселената“, изјави Безос.

Основачот на Амазон смета дека патувањето во вселената станало скапоцено поради тоа што после секое летање, ракетите биле фрлани. Како што нагласи, вселенските компании мораат да се посветат на производство на ракети за повеќекратна употреба, што е еден од плановите на неговата компанија.

Благодарение на достигнувањата и иновациите на “Blue Origin”, на Безос му беше врачена познатата награда „Баз Олдрин Спејс“.

Во обраќањето за 87-годишниот Баз Олдрин, воен пилот кој што беше член на мисијата „Аполо 11“ заедно со Нил Армстронг и Мајкл Колинс во 1966-та година, основачот на Амазон изјави дека поминало долго време откако „луѓето биле на Месечината“.

„Историјата е многу важна, но гарантирам дека овие луѓе не мислеле дека ќе бидат последните луѓе на Месечината. Еден ден Земјата ќе биде уништена, па подобро за нас е да најдеме друго место каде што ќе можеме да живееме. Не сакам да мислам за тоа, многу е демотивирачки, но така е. Испративме роботски сонди на секоја планета, и верувајте ми, тука е најдобро. Нашата Земја е скапоцена и мораме да ја чуваме“, нагласи Безос.

Компанијата “Blue Origin” наскоро ќе добие ново седиште на Флорида, а новата генерација а ракетата “BE-4”, Безос планира да ја гради во Алабама. Овие ракети ќе бидат подготвени за лансирање во орбитата во 2020-та година.

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …