недела , 22 октомври 2017
orban-vt-624x320

Оставка на лидерот на унгарската левица откако не успеа да ја обедини опозицијата против Орбан

Кандидатот на унгарските социјалисти за премиер Ласло Ботка, кој требаше да ги обедини левицата и центарот за парламентарните избори во април следната година, поднесе оставка, откако не успеа да создаде единствена политичката опозиција против премиерот Виктор Орбан.

– Поднесувам оставка како социјалистички кандидат за премиер, истакна Ботка во вчерашното отвореното писмо.

– Демократските партии не сакаат да победат, туку само да добијат неколку места во парламентот на режимот на Орбан”, посочи 44-годишниот градоначалник на Сегет во соопштението до јавноста.

Ботка призна дека не успеал во настојувањето, нарекувајќи ја „историски криминал“ неподготвеноста на другите партии да се обединат. Тој, исто така, ја обвини владејачката партија ФИДЕС дека продира во опозицијата за да го спречи ова обединување.

Ботка е критикуван поради недостиг на шарм и поради неговиот агресивен стил на преговарање. Претседателот на Социјалистичката партија Ѓула Молнар, истакна дека неговото повлекување „отвора нови можности” за левицата.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …