среда , 26 јули 2017
srbija

Осуден екс министер во Србија за злоупотреба на власта

Во Србија е осуден на казна затвор од три ипол години Оливер Дулиќ поранешен министер за животна околина и урбан развој во претходната влада предводена од Демократската партија.

Тој претходно беше прогласен за виновен бидејќи фаворизирал словенечка компанија за добивање лиценца за мрежа на оптички кабли.

Двајца негови советници за истото дело се осудени на една и на три години затвор. Дулиќ ги отфрли обвинувањата наведувајќи дека на ваков начин сака да се уништи главниот политички опонент на српскиот режим.

Слични написи

Germany

Речиси половина од невработените во Германија се странци

Речиси половина од невработените во Германија се граѓани со т.н. миграциска заднина, а повеќе од …