понеделник , 23 октомври 2017
police-line-donot-540x320

Осуммина убиени при престрелка во Тексас

При престрелка во една куќа во Тексас осуммина се убиени, а двајца се ранети, соопштуваат локалните власти од северниот дел на оваа сојузна американска држава.

До пукањето дошло во неделата вечерта во градот Плано, кој се наоѓа на околу 30 километри североисточно од Далас, пренесува „Асошиејтед прес“.

Портпаролот на градската полиција, Дејвид Тајли, изјави дека полицијата најпрво одговорила на пријавата за пукање. Кога првиот полицаец пристигнал на местото на настанот, влегол во куќата и му се спротивставил на напаѓачот, а потоа пукал во него и го усмртил.

Уште две лица се ранети во престрелката, а нивната здравствена состојба сè уште не е позната.

Имињата на жртвите и на напаѓачот сè уште не се познати. Единствено се знае дека сите загинати се возрасни.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …