недела , 22 октомври 2017
politsija

Осумнаесетгодишно момче се удави во река во Струмичко

politsijaОсумнаесетгодишно момче вчера попладне се удавило во реката Турија, во атарот на струмичкото село Доброшинци, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, Димитар В. (18), вчера, околу 16 часот, заедно со уште три лица, отишол да се бања кај местото Барата. По извесно време тој потонал во водата.

Веднаш по пријавувањето на случајот, на местото пристигнале јавен обвинител, екипи на СВР Струмица и тим на струмичката територијална противпожарна единица, кои извршиле пребарување во водата и околу 21.50 часот го пронашле и го извадиле безживотното тело на момчето.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …