среда , 20 септември 2017
marihuana zaplne

Откриени над 700 килограми марихуана во камион на Македонец

Албанската полиција во пристанишниот град Драч уапсила македонски државјанин, откако во возилото што го управувал била отриена голема количина марихуана.

Во полициското соопштение стои дека дрогата била откриена при контрола со скенер на камион марка „Даф“ пред неговото влегување во траектот кој сообраќал на релација Драч-Бари.

Камионот транспортирал свежи краставици, а во кутиите биле и кесите со марихуана. Возилото било натоварено во албанскиот град Лушња од компанија овластена за извоз на зеленук.

Крајната дестинација на дрогата во тежина од 705 клограми била Холандија.

Освен уапсениот Македонец Кирил Ф.(35) полицијата трага по други три лица.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …