среда , 28 јуни 2017
edin

Отворено писмо од Един Јакуповиќ до Ердоган Сарач

„Дали ни малку не се срамиш од твоите постови и дегутантната одбрана на режим само поради лични цели па и искварено до крај примитивно си ги туркаш тие неколкумина малку членови кои заслепено веруваат на твоите лаги! Само за личен интерес..

Имаш поколенија кои треба да уживаат во животот а не да живеат во страв и неизвесност за нивната иднина и иднината на нивните поколенија! Засрами се, бидекји браниш насилство на криминалци а добро знаеш дека и ти беше нападнат од истите криминални структури, но тогаш јас го делев ќотекот заедно со тебе и со останатите другари. Сети се на 24.12.2012 год. Ништо не е сменото. Истите криминалци кукавички нападнаа и сега, само ти за грд личен интерес и за ситни пари ја продаде душата на ѓаволот!

Знам дека бегаш или се затскриваш позади режимските паравани, медиуми и мораш да одработуваш крваво сценарио за секој цент, но ќе мораш да живееш до крајот на животот со вистината дека денес си производ на насилство со фатални последици!

Остани да живееш бедно и да одработуваш, правдаш насилници кои имаат крвава/и душа, раце и мисли
За крај! Каде ќе ти оди душата.. еден ден како ти велеше ќе мораш да дадеш отчет за човечноста.. некогаш и негде.. платенику!!!

Очекував дека кукавички, бедно, режимски ќе молчиш и бедно ќе продолжиш да одработуваш за „фирерот“, се вели во отвореното писмо на Един Јакуповиќ до Ердоган Сарач.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …