понеделник , 25 септември 2017
sladoled

Ова е најскапиот сладолед во светот Црн Дијамант, една топка 817 долари !

sladoled
Кафе барот Scoopi во Дубаи во својата понуда има и десерт под име „Црн Дијамант“, а кој се смета за еден од најскапите сладоледи на светот. Една топка од сладоледот чини 817 долари!

Како и сите останати сладоледи кои се служат овде, и овој сладолед е направен природно, без вештачки состојки. Креаторот на необичниот десерт, индискиот бизнисмен Зубин Доши, тврди дека цената е сосема оправдана ако се земат во предвид неговите состојки: црн тартуф, ирански сафран и прав од 23-каратно злато, кое може да се јади.

– Чудна комбинација, но најскапиот зачин во светот е токму сафранот, а најскапата храна е тартуфот, а очигледно најскапиот метал е златото. Сакав да направам нешто скапо и еве се исплати, изјавил Доши.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …