вторник , 24 октомври 2017
UJP zgrada

Овчарот Инсифарис Џемаили и Дилавер Бојку на листата на должници на УЈП

ujp (1)
Фирми и граѓани овој месец и должат на Управата за јавни приходи повеќе од 283 милиони евра, што е три милиони евра поголем од тој што УЈП го објави минатиот месец.

На листата на должници од 4.700 фирми и граѓани, 3.700 се правни лица, а илјада се физички лица, чии долгови стасале за плаќање до крајот на април, а се по основа на ДДВ, данок на добивка, данок на доход, акцизи и социјални придонеси.

Интересно е тоа што од граѓани, се појавуваат имињата на овчарот Иснифарис Џемаили и на контроверзниот бизнисмен од Велешта, Дилавер Бојку.

Првите три места на листата не се променети за фирмите што редовно се појавуваат, „Ел дон Kастило“, „Ел аѕтека“ и „Мотор коач индустрија“. И од јавните претпријатија на листата на должници се веќе познатите „Македонијапат“, „Македонски шуми“ и „Македонска радио-телевизија“.

Должници се и компании што веќе се во постапка на ликвидација или стечај или не постојат како „Хедис“, „Римес“, но на пример и Сојузот на борци од НОБ, кој должи 20.000 евра.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …