среда , 20 септември 2017
насловна дебелеење

Овие типови на дебелеење не се предизвикани од неправилна исхрана

Зголемената тежина не е некој нов проблем, но она што го откриваме подолу е дека не секогаш е предизвикана од неправилна исхрана.

Па, доколку се пронајдете во некое тело од овие 4 и покрај сите диети ништо не се менува, време е да ја откриете вистинската причина за тоа.

1. Претерана работа на надбубрежните жлезди

Ова може да биде одговор на стресниот живот кој го водите. Претераното лачење хормони од надбубрежните жлезди, меѓу кои и покачениот кортизол, може да доведе до константно подуен стомак.

Симптомите се масни наслаги околу абдоменот и половината, подуен врат и лице, понекогаш дури и раце и нозе, висок крвен притисок, висок шеќер, слабост на мускулите, променливо расположение.

дебелеење 1

Доколку се сомневате, задолжително посетете го вашиот лекар и обидете се да го намалите нивото на стрес преку медитација или јога.

2. Неправилна работа на црниот дроб

дебелеење 2

Доколку во работата на црниот дроб има пречки, очекувајте симптоми како зголемен шеќер во крвта, висок крвен притисок и холестерол, алергии, проблеми со кожата и секако – таложење на масти околу абдоменот.

3. Проблеми со тироидната жлезда

Доколку работата на тироидната жлезда е било како попречена, се манифестира во облик на „пивски стомак“. Покрај тоа, ќе забележите замор и слабост во мускулите, дебелеење, губење на косата, забавена работа на срцето, депресија.

дебелеење 3

Доколку се сомневате, задолжително веднаш реагирајте, бидејќи ова може да биде сериозен проблем.

4. Дебелеење кај жените заради неправилна работа на јајниците

Причината е логична – неармнотежа на хормони. Па, ако без оглед на тоа колку внимавате на исхраната, сепак се дебелеете во пределот на задникот и бутовите, направете преглед.

дебелеење 4
Дополнителни симптоми кои укажуваат на оваа причина за дебелеење се болките во јајниците и претераната желба за слатко и млеко.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …