вторник , 26 септември 2017
joseph-tomb-640x320

Палестинците запалија еврејско свето место на Западниот Брег

joseph-tomb-640x320Палестинските радикали запалија ја синоќа со молотови коктели третата по значење еврејска светиња, гробницата на библискиот патријарх Јосиф, која се наоѓа во близина на бегалскиот камп Балат, покрај градот Наблус на Западниот Бре, изјави портпаролот на израелската армија Петер Лернер.

– Палестинците синоќа ја опожарија гробницата на Јосиф, овој вознемирувачки акт е насочен против вредностите како слободата на вероисповест и слободното практикување на верски обреди, рече Лернер.

Тој увери дека израелската армија ќе побара одговорност од виновниците и ќе ја обнови светињата.

Според израелските медиуми во пожарот нема настрадани, но гробницата е оштетена.

Палестинската полиција и израелската армија соопштија дека е предизвикана значителна штета.

Територијата околу гробницата на патријархот падна под административна и воена контрола на палестинските власти на почеокот на ’90-те години од минатиот век. Израелските сили го напуштија регионот во 2000 година по почетокотна втората палестинска интифада.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …