вторник , 26 септември 2017
papa-pozdrav-540x320

Папата Франциско: Црквата мора да се отвори кон промени

papa-pozdrav-540x320Црквата не смее да биде музеј на спомени туку мора храбро да се отвори кон промени ако Бог така сака, изјави папата Франциско на првата работна седница на бискупскиот синод посветен на семејството.

Околу 300 бискупи до 25 октомври зад затворени врати во Ватикан ќе разговараат за изнаоѓање на заеднички став со незадоволните верници, разведените лица и хомосексуалците и истовремено ќе го одбранат традициоанлното семејство. На синодот нема да се менува црквената доктрина туку ќе се обидат да пронајдат начин како да се помири доктрината со модерниот начин на живот.

Инсистирањето Католичката црква да се отвори и реформира предизвикува немир меѓу конзервативците кои не сакаат да го менуваат тоа што го сметаат за фундаментални догми.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …