понеделник , 23 октомври 2017
park-geun-he-640x320

Парк нареди подготовеност за остар одговор на провокациите од Пјонгјанг

park-geun-he-640x320Претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-хие нареди денеска на оружените сили да бидат подготвени остро да одговорат во случај на нови провокации на Северна Кореја, јави Јонхап.

– Нема да ги трпиме севернокорејските провокации кои ја загрозуваат безбедноста на нашите војници и на граѓаните, рече таа за време на ненајавената посета на воената база во градот Јогин, 40 км од Сеул.

Парк во момент на заострување на ситуацијата на Корејскиот полуостров ја провери борбената готовност на војниците во седиштето на Третата армија во Јогин.

До заострување на ситуацијата дојде вчера по размената на артилериски оган меѓу двете Кореи во западниот дел на демилитаризираната зона.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …