вторник , 26 септември 2017
132858467-540x320

Парламентарните избори како „премиер лига‟: бираме ли пратеници или шеф на влада?

132858467-540x320Тпортал – Загреб

Иако на 8 ноември хрватските гласачи ќе одлучуваат за новиот состав на Хрватскиот парламент, парламентарните избори на крај се сведуваат на тоа кој ќе биде на чело на Владата, заклучи нашиот коментатор анализирајќи ја изборната кампања која жестоко започна.

Зоран Милановиќ или Томислав Карамарко? Има ли место за некој трет? Секако, се работи за најизгледните мандатари на новата хрватска Влада чиј состав ќе биде познат по претстојните избори за пратеници во Хрватското собрание на 8 ноември. Иако тој изборен ден хрватските гласачи ќе одлучуваат за политичките партии, коалиции, независни листи и кандидати кои се тркаат за новиот состав на парламентот, овогодишните парламентарни избори, како никогаш порано се сведоа на одлука за првото лице на новата Влада.

Според сите прогнози тоа ќе биде актуелниот премиер и претседател на СДП Зоран Милановиќ или неговиот прв соперник Томислав Карамарко, кој како претседател на ХДЗ ја предводи Патриотската коалиција. Наспроти осцилациите во анкетите на јавното мислење лидерот на ХДЗ за сега е поблизок до најважната политичка должност во земјата. Меѓутоа, актуелната изборна кампања потврдува дека двајцата главни конкуренти за премиерското место ќе направат буквално се за на своите партии и коалиции да обезбедат парламентарно мнозинство. Притоа, борбата за секој глас првпат се прели и на темите и актерите надвор од хрватските граници, па се чини дека за хрватската иднина не се одлучува само од Чаковац до Цавтат, туку и од Будимпешта до Дамаск.

Кој во сето ова во овој момент подобро се снаоѓа многу брзо ќе одлучи хрватското гласачко тело, чиј избор всушност се сведува на прашањето кој бил подобар премиер. Односно, на кого ќе му дадат доверба кога е во прашање клучната политичка должност. И додека во текот на 1990-тите, поради уставните норми во полупретседателскиот состав и поради доминантната политичка фигура на претседателот Фрањо Туѓман, името на првиот човек на Владата беше помалку истакнато, но по 2000 година се се промени.

Од новите уставни решенија за парламентарниот состав до се посилната персонализација на секои следни парламентарни избори во контекст на централната дилема кој по изборната победа ќе обезбеди мандат за состав на Владата. Така во 2003 година се тркаа Ивица Рачан и Иво Санадер. Четири години подоцна предизвикувачот од СДП на Иво Санадер беше Љубо Јуричиќ, а не новиот претседател на партијата Зоран Милановиќ, додека во 2011 година токму Милановиќ ја замени ХДЗ-овата претседателка Јадранка Косор на премиерското место. Следи ли нова рокада или СДП-овата коалиција повторно ќе успее да обезбеди најголем број пратенички мандати?

Одговорот на тоа прашање ќе го даде политичкиот двобој на Зоран Милановиќ и Томислав Карамарко, иако малку е веројатно дека тие двајца директно ќе се соочат. Таквото избегнување на ривалите во демократскиот свет е вистинска реткост што многу зборува за политичката култура, храброст и одговорност на домашните политичари. Но, дали ќе биде непосредна или посредна, изборната борба на двајцата водечки луѓе на политичките блокови претставува срж на хрватските парламентарни избори. Впрочем, така е и во други земји со слични политички состави и целосно е јасно дека гласачите на парламентарните избори всушност ќе одлучуваат за мандатар и иден претседател на Владата.

Притоа оваа година првпат ќе имаат можност, исто како и сите други кандидати на изборите, да ги вреднуваат преференциските гласови. Дали Зоран Милановиќ или Томислав Карамарко на крај ќе добијат рекорден број на преференциски гласови, или некој од другите кандидати во таа смисла ќе остварат најдобар резултат? Иако нема да се тркаат во иста изборна единица, многу ќе биде интересно да се види кој од нив двајца ќе добие поголем број на преференциски гласови и дали некој од нивните партиски и коалициски колешки и колеги ќе бидат поуспешни. Може ли да се случи Зоран Милановиќ и Томислав Карамарко, воопшто да не добијат нов собраниски мандат, бидејќи другите кандидати на нивните листи ќе бидат гласовно посилни? Тоа е, секако теоретски можно, но дестимулативната шема на преференциското гласање во хрватските парламентарни и европски избори, како и првите места на листите на партиските претседатели, не зборуваат во прилог на изненадување.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …