понеделник , 21 август 2017
holandija

Парламентарните избори во Холандија едни од најважните за Европа

Почнаа парламентарните избори во Холандија, кои се сметаат за едни од најважните за Европа. 20-милионскaта држава е првата во Западна Европа, на која паѓа одговорноста да покаже дали популизмот има иднина на Стариот континент. Експертите стигнуваат и подалеку, нарекувајќи ги денешните избори како залог за иднината на Европската унија.

Денешното гласање е прво во Европа по двете глобални турбуленции – Брегзит и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Оваа година парламент ќе избираат и други две големи европски економии – Франција и Германија.

До декември на врвот по популарност беше крајно десниот популист Герд Вилдерс, но во последниве недели тој почна да попушта за сметка на премиерот Марк Руте. Трендот се потврди и по синоќешната телевизиска дебата.

Тензиите помеѓу Турција и Холандија и дадоа нов поттик на предизборната дебата, но засега не е јасно кој од двајцата политичари – Марк Рутеили Герд Вилдерс, ќе бидат погодени од скандалот.

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …