вторник , 24 октомври 2017
energetika

Партиите за енергетската иднина

Со клучни проекти што се повторуваат во секој изборен циклус енергетиката е приорите во програмите на двете најголеми партии. Со слични цели, но различен пристапи еве како СДСМ и ВМРО ДПМНЕ планираат да го зголемат домашното производство на струја и да ја намалат енергетската зависност.
ЈАГЛЕН И ТЕРМОЦЕНТРАЛИ
Ќе се копа јаглен за РЕК Битола, но СДСМ ветува дека ЕЛЕМ тоа ќе го прави и ќе ги раскинат како што посочуваат коруптивните договори што го оштетуваат буџетот годшно по 120 милиони евра годишно.
Од ВМРО ДПМНЕ најавуваат изградба на нови термокапацитети и тоа има алтернатива за ТЕЦ во Демир Хисар, ТЕЦ Битола 4 или ТЕЦ Мариово. Ќе се анализира исплатливост за изградба на ТЕЦ помеѓу Делчево и Пехчево.
ХИДРОЦЕНТРАЛИ
И оваа изборна година клучните енергетски проекти Чебрене и Галиште предизвик. ВМРО-ДПМНЕ ќе бара концесинер или приватен партнер, СДСМ уверуваат ЕЛЕМ сам ќе ги гради.
Нов обид за релаизација на ХЕЦ БОШКОВ МОСТ И ЛУКОВО ПОЛЕ, од ВМРО-ДПМНЕ најавува студија за влјанието врз животната средина. СДСМ најавуваат нов реален проект Вардарска долина.
ТЕЦ НЕГОТИНО
ВМРО ДПМНЕ ќе анализира Тец Неготино да го стави во погон со гас, но има опција и да се даде под концесија или на јавно-приватно партенрество.
Од СДСМ планираат овој комбинат да стане енергетско- земјоделски капацитет.
СТРУЈА
Евтина викенд тарифа плус секој ден дополнителни два часа, воведува енергетски правобранител, минситер задолжен за водење на крупни енергетски проекти, берза на струја најавуваат од СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ со план ЕЛЕМ да се адаптира, но ќе се разгледуваат модели за постепено вклучување на приватен капитал во државната елем и заедничко инвестирање во капацитети. ЕЛЕМ и Мепсо ќе основаат институт за енергетика.
И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се сложни на хартија дека енергетиката е приоритет, но колку е реално, ќе покаже реализацијата во пракса.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …