вторник , 26 септември 2017
pere tosev

„Патриоти“ од прилепски „Пере Тошев“ се обиделе да го натепаат новинарот на Плусинфо, Барлакоски

Група од десеттина членови на Македонското патриотско здружение „Пере Тошев“ од Прилеп синоќа во 18.05 часот се обиделе физички да се пресметаат со новинарот на Плусинфо Божидар Барлакоски.

Враќајќи се од седницата на Собранието, Барлакоски, инаку и самиот прилепчанец, ја сретнал групата кај трговскиот центар „Соравија“. Сите биле облечени во тегет дуксери со амблем на здружението. Бидејќи познавал дел од нив, новинарот пријателски ги поздравил со зборовите „здраво дечки“, по што овие му возвратиле со погрдни зборови, го пцуеле и го нарекле „предавничко копиле“, стои во текстот објавен на Плусинфо.

Барлакоски го продолжил патот, со намера што побрзо да се одалечи од групата, за да избегне инцидент. Но, забележал дека неколкумина веќе трчаат по него, извикувајќи погрдни зборови. Новинарот сепак успеал да им избега и кај „Тинекс“ спроти Олимписки базен да влезе во такси возило и да се спаси од дрските напаѓачи.

Барлакоски, придружуван од уредникот Бранко Героски, доцна синоќа настанот го пријави во Првата полициска станица (Беко). При тоа новинарот идентификуваше тројца од напаѓачите, по што доби уверување од полицискиот службеник дека идентификуваните лица ќе бидат предупредени.

Во текот на денешниот ден, Редакцијата на Плусинфо за настанот ќе го извести и лично министерот за внатрешни работи.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …