среда , 28 јуни 2017
перица

Патриотизам ли е ова или панаѓур …

Слушам и гледам веќе извесен период, патриоти, тврдокорни, глумци и квази новинари кои се борат за слободата на говор и зачувавање на Македонија !

Е ајде сега да ги прашам сите тие платеници кој се во први редови и земаат огромни средства од најбогатата партија во Европа, која се наоѓа во една од најслабо рангинарите економски држави во светот од истата таа партија.

Каде беа да го дигнат гласот кога тепаа пратеници и насилно беа исфрлени од Собранието на Република Македонија?

Каде беа кога нивни колеги беа тужени и осудувани затоа што ја кажуваа вистината, каде беа кога им воведоа данок од 35% на хонорарите, каде ?

Зошто кога “лошите” новинари го дигнаа гласот се носеа шалови, маски, капи и слично за да си го прикријат лицето за да не бидат потоа апсени и малтретирани, за таква ли демократија се бориме и таква Македонија ?

Епа доста е веќе, доста е народе кој живееш во Македонија, освести се и нека не ве уценуваат и манипулираат со нивниот лажен патриотизам. Не се плашете од нивните уцени и закани, поради тоа што помина тоа време, доаѓа НОВ ЖИВОТ во Македонија во кој ќе се живее слободно и без притисоци. Ќе можете слободно да реагирате и да го дигнете гласот во секое време без да го криете лицето доколку не ви се допаѓа некоја одлука на идната Влада. Зарем мислите дека одбраната на ГТЦ па и скоро зачуваната пешачка зона на кеј е затоа што ВМРО ДПМНЕ така сака? Не, тоа е уште еден знак на нивната немоќ, народнот на една страна, криминалците на друга, тука нема компромис, јасно е како ден.

Без разлика на етничката, верската и национална припадност, ние треба да се бориме сите за подобар живот во Македонија, а не за интересот на одредена група која има свои платеници за да глумат патриоти (и надвор од даските што живот значат).

Ајде тие патриоти нека се откажат од нивните примања кои им се префрлаат на нивните трансакциски сметки или во земаат на рака од “Белиот дворец”, кој сега веќе и тој е дивоградба.

Народот повеќе не верува во глумците кои што изминативе години беа платени за да бидат патриоти, патриотизам на гладен стомак не е патриотизам. Не е патриотизам да читаш текстови напишани во штабот на ВМРО ДПМНЕ.

Ако навистина ја сакате Македонија, и имате барем малку чест кажете дека сте дебело платени за да глумите патриоти, имајте доблест поделете ги хонорарите со македонскиот сиромашен народ, со луѓето кои што се под репресивни мерки на партијата.

Поради тоа што по националност сум србин, сакам накратко да кажам како функционира љубовта меѓу една српска партија во коалиција со “Донжуанот ВМРО”. Нивното досегашно функционирање јасно покажува дека станува збор за иста матрица. Лидерот на таа српската партија која има и заменик министер во влада на пописот спроведен пред 13 години е попишана како македонец, а од другава страна ги застапува српските (лични) интереси.

Дали интересот на србите во Македонија беше да се продаде “Српската куќа” во Центар на албански бизнисмени, а трансферот на пари направен во Хрватска ?

Зошто тој застапник на србите во земјава не излеза да каже ништо за време на признавањето на Косово, не да каже дека не е мало дете и кога ќе ја изгуби топката нема да плаче, туку да излезе од љубовната врска со ВМРО ДПМНЕ и да настапи како самостоен пратеник

А да и тоа ќе заборавев, дали можеби интерес на србите во Македонија беше гласањето ЗА на првата седница на минатиот парламентарен состав за амнестија на сите терористи кои направиле злочин…

Самонаречениот “србозаштитник” влегува во историјата како прв србин (или македонец по последниот попис) кој гласа за такви случаи, па сега видете какви “патриоти” и коалициони “патриоти” има во таканаречената патриотска коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ !

На крајот пак се сведува на едно прашање, патриотизам ли е ова или панаѓур, со овие патриоти второто ќе де е …

Петар Милетиќ

Слични написи

kolumna azmanoski

Пазете што правите, за брзо се враќаме (од затвор) !

Работната недела која помина имав прилика да седнам и поразговарам со голем број на познаници и …