понеделник , 23 октомври 2017
pavle-ednooki

Павле Богоевски до Еднооки: Не сум во никаква роднинска врска со Слободан Богоевски

Нема да навлегувам во тоа зошто мислам дека сте далеку под нивото со кое започнавте. Едноставно ќе ви се заблагодарам за укажаната чест што сте ме ставиле во емисија.

Иако најчесто избегнувам да реагирам на шпекулации, приказнава со „слушај го дедо“ и со мојата наводна роднинска поврзаност со Слободан Богоевски ги надмина сите граници.

Не сум во никаква роднинска врска со Слободан Богоевски. Човекот го имам видено неколку пати во животот и имам високо мислење за него. Колку што знам, неговото потекло е од западна или југозапада Македонија, а мојата линија Богоевски се од Прилепско.

Од друга страна, дури и да му бев внук (а не сум) – па што? Ајде веќе конечно да престанеме да се занимаваме со измислици, глупости и ирелевантни нешта и да се посветиме на вистинските проблеми кои ги има оваа наша држава.

Може?

ФБ статус на Павле Богоевски

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …