недела , 22 октомври 2017
pavlopulos

Павлопулос: Европа заборава дека грчките граници се и европски граници

pavlopulosСе чини дека Европа заборава дека грчките грници исто така се европски граници и има одговорност во однос на нивното чување, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на средба со пратеничката на Нова демократија Дора Бакојани.

Бакојани, пак, изрази загриженост за проблемот додавајќи дека Владата не прави ништо и губи драгоцено време. Бакојани, која исто така е претседател на Комитетот за политички прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), рече дека советот, кој има познавање за прашањата за бегалците, презеде иницијативи со цел средствата да не бидат изгубени и да биде изградена потребната инфраструктура за прифаќање на беглаците на островите каде што ситуацијата е трагична.

Павлопулос се согласи дека ситуацијата на островите е навистина драматичниа и додаде дека Советот на Европа може да придонесе да се пополнат празнините во европската политика.

– Понекогаш се чини дека Европа заборави оти постои многу важен текст, Пактот за имиграција и азил од 2008 година, во кој се утврдени обврските на Европа, изјави Павлопулос и го нагласи „значителниот придонес на Грција за таа спогодба“.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …