среда , 16 август 2017
kolumna azmanoski

Пазете што правите, за брзо се враќаме (од затвор) !

Работната недела која помина имав прилика да седнам и поразговарам со голем број на познаници и пријатели кои што работат во некое од министерствата односно административци во државниот секор. Некои вработени пред “Преродбата” на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, а некои и вработени како резултат на партиската верност и потчинетост. Од тие средби добив впечаток дека и во едните и во другите има професионалци, но има и непрофесионалци. Ме интересираше новата поставеност, програми за работа на новите министри предводени од реформаторската влада на чело со премиерот Зоран Заев, а исто така ме интересираше и разликата од режимските до реформските министри.

Од тие средби првиот впечаток е дека да, навистина има разлика. Професионалницте полека ја креваат наведнатата глава од своите работни бироа, сакаат да го дадат својот придонес до брз развој на Македонија и обелоденувањето на досегашниот криминал, но од друга страна има и вработени кои што своите глави ги имаат ставено во земја како ноеви и чекаат да им се вратат претпоставените од претходната власт, има и такви кои што користат одмори, боледувања и други начини за непојавување на работните места. Ајде за овие првите некако може човек да разбере од некакви причини не можеле да се истакнат, можеби партиската книшка не им одговарала на бојата на “министерската кошула”, а има и такви кои немале перничиња на коленици па биле спречени за напредување во кариерата…

Проблемот е кај овие вторите на кои што стравот в коски им е влезен и им одѕвонуваат последните зборови од претпоставените или министрите, ПАЗЕТЕ ШТО ПРАВИТЕ ЗА БРЗО СЕ ВРАЌАМЕ.

Резултатот на горенаведените зборови е: нецелосни извештаи за претходното работење, издавање на нецелосна документација, а има и такви кои глумат “Алиса во земјата на чудата”, ја нисам из одавдека.

Голем број на министрите од новата Влада се врвни професионалци во својата фела но повеќето се теоретичари, но за среќа има професионалци кои што им помагаат теоријата да ја преточат во пракса. Сите тие министри се соочуваат со реални проблеми кои се причинети од горенаведените “ноеви”. Најважно од се е што се заштедуваат големи пари кои што изминатиот период се трошеле неконтролирано. Од разговорот со административците се здобив со впечаток дека во секое министерство има празни работни места, кои што останале така долг период. Единствен начин да се раздвојат криминогените структури во министерствата и сите други останати институции е преку секоја втора трета алка (сектор) да се постави постави човек од доверба на министрите или ново запослување со цел да се прекине ланецот на “изгубени документи”, “скриени документи” и останати аномалии кои произлегуваат од опструкциите во работењето.

Како за крај додека го пишував овој текст се прашував и сам од каде ќе се враќаат поранешните министри, од службени патувања, од сослушувања во СЈО или можеби од Идризово или некоја од останатите казнено поправни установи низ Македонија !?

*Брзината на враќање е релативна работа, досегашните обвиненијата се движат од 3 до 15 години…

Виктор Азманоски

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …