петок , 22 септември 2017
pdp

ПДП: Има сомнежи дека Џелал Бајрами е вмешан во „Монструм“ – тој не смее да биде обвинител

pdp
После веста дека поранешниот заменик министер за внатрешни работи Џелил Бајрами конкурирал во Више Јавно обвинителство, со каков морален кредибилитет тој би ја извршувал таа функција затоа што постојат сомненија дека тој лично бил еден од актерите во случајот „Монструм“, прашува ПДП.

„Имајќи предвид дека една од главните наши обврски е токму департизацијата и деполитизацијата на судската власт,согласно аспирацијата за членство во ЕУ и НАТО, ангажирањето на Бајрами во Вишото Јавно обвинителство би бил еден смешен автогол“ се наведува во соопштението.

ПДП смета дека доколку во Специјалното обвинителство не се системираат докажани кадри, успехот ќе недостасува.

„ПДП е убедена дека треба со специјален закон да се регулираат и судските инстанци кои би ги процесуирале и суделе овие предмети, врз база на законот и со потполна неутралност. Ние уште на почетокот укажавме дека со протоколите на договорот од Пржино не е регулирано кои судски тела би биле надлежни за судење на овие предмети покренати од страна на СО. Законот за Специјаното обвинителство има неколку недостатоци, кои би можело да резултираат со одолговлекување на процесуирањето можеби до недоглед“, соопшти ПДП.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …