вторник , 24 октомври 2017
pdp

ПДП ја почна изборната кампања од Тетово

Партијата за демократски просперитет вечерва со собир во Тетово ги почна активностите во рамки на изборната кампања за предвремените парламентарни избори.

Мотото на нивната кампања е „Гордо и достоинствено“, а ќе учествуваат со кандидати за пратеници само во Шестата изборна единица.

На собирот беа претставени кандидатите за пратеници што ги предводи претседателот Абдуљади Вејсели, кој истакна дека одат на избори само во една изборна единица бидејќи, како што рече, многу кусо време е претседател на партијата поради тоа што подолго време отсуствувал од политичката сфера.

 – Нашата политичка платформа се базира врз програмата на ПДП и нема потреба да се менува бидејќи сите обврски што се земени како партија, иако не сме биле присутни на политичката сфера неколку години, уште не се реализирани. Посебен акцент ќе има економската сфера за која ќе се залагаме, но не значи дека нема да се залагаме за другите области. Нашето залагање ќе биде Македонија да биде рамноправна за сите граѓани во сите сфери на животот, рече Вејсели.

Пред присутните се обратија и кандидате за пратеници Беќир Беќири, Јелдза Османи и Мухамед Халили.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …