недела , 24 септември 2017
timthumb (5)

Пеп Гвардиола поддржува отцепување на Каталонија од Шпанија

Поранешната фудбалска ѕвезда на „Барселона“, а подоцна и тренер на овој клуб, Пеп Гвардиола изјави дека ја подржува независноста на Каталонија и се согласува со отцепувањето на овој регион од Шпанија.

На митинг на каталонските сепаратисти одржан во Барселона, Гвардиола, кој сега работи како тренер на „Манчестер Сити“, ги повика Каталонците да излезат масовно на референдумот за независност што е закажан за 1 октомври.

– Ние ке излеземе да гласаме дури и ако шпанската држава тоа не го сака. Ние немаме друг начин, рече Гвардиола пред насобраните приврзаници на отцепувањето на Каталонија.

Гвардиола на митингот побара и помош од меѓународната заедница, против, како што рече, авторитарната држава, мислејќи на властите во Мадрид.

Во петокот, регионалниот каталонски лидер Карлес Пуџдемонт ја соопшти одлуката на сепаратистичките локални власти на Каталонија за одржување референдум за независност, и покрај противењето на шпанската Влада и забраната што од претходно ја донесе Уставниот суд на Шпанија.

Не е јасно дали во вакви услови каталонските сператисти ќе ги продолжат подготовките за референдумот, кој од стартот е прогласен за нелегален.

Владата во Барселона тврди дека каталонскиот референдум е истоветен со тој во Шкотска од септември 2014 година, но независни набљудувачи сметаат дека тоа не е точно, затоа што за шкотскиот референдум постоеше претходна согласноста на британската Влада.

На референдумското гласачко ливче за шкотскиот референдум се бараше само изјаснување за тоа дали Шкотланѓаните сакаат нивната земја да биде независна, додека за каталонскиот референдум освен отцепувањето, се бара и изјаснување за републиканско уредување на идната независна држава.

Последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека доколку би се одржал референдум, сепаратистите би доживеале тесен пораз.

Околу 48,5 отсто од Каталонците се против отцепувањето од Шпанија, додека 44,3 отсто од испитаните подржуваат независност.

Според полициски извори, на митингот за независна Каталонија имало околу 30 илјади лица, додека според тврдењето на организаторите, во Барселона биле собрани 47 илјади приврзеници на отцепувањето од Шпанија.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …