вторник , 27 јуни 2017
антиќ ердоган

Перо Антиќ на прием кај претседателот Ердоган со соиграчите од шампионот Фенербахче

По примерот на НБА шампионите, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го прими новиот европски првак Фенербахче.

Заедно со своите соиграчи, на приемот присуствуваше и македонскиот интернационалец Перо Антиќ. Ердоган се фотографираше покрај пехарот од Евролигата, а од Фенербахче на подарок доби дрес со бројот 1 и шампионска маичка потпишана од целиот тим и стручниот штаб на “црно-жолтите”.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …