недела , 22 октомври 2017
bajramoska

Пет гола на Бајрамоска во победата на Крим

Мирјета Бајрамоска со екипата на Крим славеше уште една убедлива победа во Лигата на шампионите и како првопласиран во својата група обезбедува пласман во следната фаза. На гостувањето во Норвешка, Крим го победи Ларвик со 31-36 (14-17) и ја задржа лидерската позиција во групата Д.

За словенечкиот тим ова беше четврта победа во шесте одиграни натпревари од групната фаза. Македонската интернационалка и на овој натпревар беше една од клучните играчи во составот на Крим.

Бајрамоска постигна пет гола и беше трет стрелец во словенечкиот тим во кој Елизабет Омореги беше прв стрелец со седум гола, а Алја Корен запиша шест гола. Кај Ларвик, Марит Фјафјорд и Аманда Куртовиќ постигнаа по 10 гола.

 

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …