вторник , 24 октомври 2017
apelacionen

Пет седници во Апелација за жалби на обвинетите и на СЈО

Во Апелациониот суд денеска ќе се одржат едноподруго пет седници на кои ќе се разгледуваат жалбите на обвинетите и на СЈО за изречените мерки на Кривичниот суд по обвиненијата на тимот на Катица Јанева.

Во текот на викендот, Апелација ги потврди одлуките за одземањето на пасошот на новинарката Ивона Талевска, обвинета за даночно затајување и на обвинетите алфи во МВР, обвинети во случајот „Тортура“, за апсењето на Љубе Бошкоски.

Без пасоши останаа: Ивица Антевски Пуки, Новица Станковски Јован Боцевски и Петар Милошевски, бидејќи одлуката на Апелација е конечна.

Се очекува и во текот на целата недела, Кривичниот совет на скопска Апелација да одржува седници, бидејќи се пристигнати жалби на одлуките на Кривичен и од обвинетите и од СЈО.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …