среда , 28 јуни 2017
komp

Пет знаци дека РАБОТАТА го уништува вашиот ЖИВОТ, а вие не сте свесни за тоа

Животот толку често не окупира да не забележуваме многу очигледни работи, а една од нив е и фактот дека работиме работа која е штетна од нас или дека некој полека ни ја презема приватноста. Бизнис инсајдер објави пет основни знаци дека работата го уништува вашиот живот како би ги увиделе на време и промениле нешто во ваша корист.

Ги ставате колегите пред пријателите и семејството

Убаво е кога имате добар и убав однос со колегите и кога некои од нив станат ваши пријатели. Сепак, мора да имате живот надвор од работата. Многу е важно да ги негувате своите основни релации со пријателите од детството и од школувањето како и да посветувате време на своето семејство. Пријателствата од работа се прекрасни но ретко опстануваат откако некој ја прамени работата.

Вашето задоволство на работа ја условува вашата целокупна среќа во животот

Работата е ваша обврска и ја доживувате така, без многу емоции. Остатокот од животот треба да го поминете што подобро, исполнето и можно посреќно. Не дозволувајте суетни и негативни луѓе од работа или пропаднат проект да ви го уништат денот и целокупното расположение.

Имате проблеми со спиењето

Доколку не спиете добро ќе бидете нервозни цел ден и полека ќе ви паѓа имунитетот што на подолг период може сериозно да ве загрози. Доколку имате проблеми да заспиете размислете за тоа дали причина е работата и грижата околу тоа дали се ќе успеете и дали ќе стигнете на сите состаноци кои ве чекаат наредниот ден.

Не можете да престанете да мислите за работата надвор од работата

Ова е црвен аларм кој говори дека што поскоро мора да се менувате или себе си или работата. Работата е само дел од животот, а вистинскиот живот е надвор од неа. Доколку често мислите на работата вие сте под голем притисок и тензии, а тоа за жал многу лошо може да се одрази на вашето здравје, како физичко така и ментално. Морате да го исполните својот живот и со други содржини.

Кампувате на работната маса

Нормално е дека во работната околина имате неколку работи кои не се во врска со работата како што се шише вода, фотографија, ужина, во женски случај штикли за состаноци и така натака…Доколку почнете да забележувате дека вашата работна маса полека станува ваша спална соба под итно размислете во што е проблемот. Тоа е основен показател дека работата нездраво како болест се шири во вашиот живот кој ви полека но сигурно го преместувате во вашата канцеларија.

Слични написи

трик 11

Трикови со кои цвеќињата ќе ви цветаат почесто

Многу често цвеќињата страдаат од нередовно наводнување или недоволна нега и дохрана. Но, ако сè …