недела , 22 октомври 2017
bitola1

Петковски: Сплотени и обединети да влеземе во финалната битка против оваа отуѓена власт

Предвремените парламентарни избори на 11 декември имаат референдумско значење за државата. Граѓаните се исправени пред историски предизвик за повторно поставување на темелите на институциите, возобновување на правниот поредок и демократијата, рече минатиот четврток претседателот на НСДП, Тито Петковски во Битола на средбата со ракводствата и членовите на општинските организации на партијата од петата изборна единица.

Петковски нагласи дека општинските организации на НСДП, во целата земја, организационо и кадровски се подготвени во пол капацитете, во рамки на опозициската коалиција, да се вклучат во изборната кампања која треба да означи крај на една мрачана епоха од македонската политичка историја.

„Криминалот и корупцијата вгнездени во авторитарната власт на ВМРО-ДПМНЕ пред нас претставуваат политички предизвик да ги надминеме сите наши етнички, културни, религиозни и идеолошки разлики, и така сплотени и обединети да влеземе во финалната битка против оваа отуѓена власт“, рече Петковски.

На средбата, Петковски нагласи дека во пресрет на изборите граѓани кои слободата и демократијата ги препознаваат како темелни вредности на кои треба да заснова иднината на државата, застануваат на една страна и нивната политичка волја за промена ќе се исполни на 11 декември.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …