четврток , 19 октомври 2017
makedonija-policija1

Пијан скопјанец нападнал продавачка затоа што не сакала да му даде алкохол

Продавачка во Скопје била нападната од муштерија кој бил во алкохолизирана состојба затоа што не сакала да го услужи.

Според информациите на МВР, вчера околу 19,20 часот во Скопје на улица Максут Садик во колонијална продавница С.Н., кој бил во алкохолизирана состојба, влегол во продавницата и побарал да биде услужен со алкохол, но од вработените П.А.(23) и уште едно 16-годишно лице не бил услужен. С.Н. почнал вербално, а потоа и физички да ги напаѓа, најверојатно, употребувајќи и метална прачка.

Вработената и малолетникот се здобиле со повреди и со возило на итна медицинска помош се префрлени во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на доктор им се констатирани телесни повреди. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.