понеделник , 23 октомври 2017
tutunski-kombinat

Писмо од читател до Бордот на директори на Тутунски комбинат Прилеп

Писмо од совесен Граѓанин

“Моето прашање до Бордот на директори е дали е поставен да го штити и чува капиталот на фирмата , стекнат со потта на работниците и тутунарите, или да го користи за сопствени приватни цели  како што е примерот со Драган Василески  еден од директорите од бордот на Тутунски.

Дали овој директор има посебни привилегии и со што ги заслужил за да може да ја злоупотребува својата позиција за приватни и партиски цели на сметка на грбот на работниците и мачните тутунари кои му ја дале довербата ??

Овој директор користи службено луксузно возило од тутунски комбинат за приватни и партиски потреби иако е и директор на СИЗ за станбен и деловен простор и како таков има на располагање службено возило во матичната фирма кое исто така не би требало да го користи за своите приватни потреби а најмалку за партиски активности како лидер на политичка партија која едвај брои 50 членови .

Дали тутунскиот комбинат на овој директор му доделил ексклузивни права на имотот пак дури и личен шофер од Тутунски кпмбинат  ??

Дали некој следи , гледа и премолчува од Тутунскиот  како овој директор управува располага и како ги користи предметите и средствата од Тутунскиот ??

Дали возилата кои ги користи за партиски и приватни цели може да се проверат каде и како се користени ??

Дали личниот шофер Емил Велкоски вработен во Тутунски Комбинат Прилеп  е платен од грбот на работниците за да извршува и исполнува приватни цели на наведениот директор ??

Дали државата свесно ги дозволува сите овие активности на сметка на народот  ??

Дали наведениот директор има ексклузивно право на сметка на Тутунски комбинат да потпишува и плаќа сметки за приватни и партиски цели како што се многубројните ручеци , вечери , ноќевања по хотели на сметка на сите тие работници и изнемоштени тутунари  ????

Дали Тутунски комбинат Прилеп  му дава ексклузивно право на Драган Василески дирекорот од Одбор  да користи меѓународни патувања на сметка на комбинатот  ??? Меѓународни патувања како што се многубројните посети на саеми ( екскурзии ) , ексклузивни хотели , авионски карти , ресторани …. Се тоа на сметка на Тутунски комбинат Прилеп.

Што овој директор придонел за тутунски комбинат Прилеп со сите тие луксузни прошетки  освен задоволуваќи ги своите лични потреби  .

До кога ќе дозволите еден ваков човек предводен од личните интереси да биде помеѓу вас совесните и одговорни директори ????”

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …